2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се чисти Водно и ќе се постават табли со слоганот „В...

Ќе се чисти Водно и ќе се постават табли со слоганот „В џеб, ако нема каде друго!“

vodno cistenje

Акцијата за чистење на Водно продолжува во саботата во 13 часот. Групата млади од различна етничка припадност, во организација на Движењето ЛЕАД, ќе  ја спроведе четвртата акција за чистење на Водно од отпадоци. 

Овојпат, низ патеките ќе се постават и дрвени табли со слоганот на оваа акција „В џеб, ако нема каде друго“.

Оваа акција е и дел од програмата Европска недела на мобилност, организирана од Град Скопје, која годинава се спроведува под мотото Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП