3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитниот рејтинг на Германија – врвен

Кредитниот рејтинг на Германија – врвен

berlin2

Американската агенција за кредитен рејтинг „Moody`s“ го задржа кредитниот рејтинг на Германија „ААА“.

Овој рејтинг, сепак, е со негативен изглед и тоа само еден ден откако гласините за можното намалување на овој рејтинг ја разнишаа Европската берза.

„Moody`s“, сепак, нагласи дека неговиот годишен извештај за Германија „е всушност годишен извештај за пазарот, и дека не претставува оцена за рејтингот“, пренесува Франс Прес.

За рејтингот на водечката европска економија, која во долгорочната криза помина далеку подобро од нејзините европски партнери, допринесе „напредната, разновидна и високо конкурентна економија и макроекономската политика насочена кон стабилноста“, се наведува во соопштението на „Moody`s“.

„Високата стапка на раст на продуктивноста, умерените плати и силната побарувачка за германските производи и овозможија на земјата да воспостави широка економска основа и еластичност покрепена со нејзиниот суфицит од тековните плаќања“, наведува „Moody`s“.

Германија, исто така, оствари силно закрепнување во поглед на фискалната консолидација, забележувајќи за прв пат од 2007 година, буџетски суфицит во 2012 година.

Иако Германија ја избегна рецесијата, нејзиниот економски раст беше забавен на 0,7 проценти во 2012, од три проценти кои беа забележани во 2011 година.

„Moody`s“ очекува дека германскиот економски раст дополнително ќе забави на 0,4 проценти во 2013 година, како последица на слабиот нето извоз во моментите на слаба перспектива на еврозоната, како и поради растечкиот увоз“.

Негативната прогноза за рејтингот, според „Moody`s“, е поврзана со неизвесноста во врска со влијанието на тековната должничка криза во еврозоната врз Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП