13 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНемојте да работите овој викенд, а еве и зошто

Немојте да работите овој викенд, а еве и зошто

tired-worker-with-an-open-book-on-his-head_1154-220

Почнавме да гледаме на останувањето на работа за викенд како на најнормална работа. Прекувременото, додатните часови и носењето на работата дома во текот на деновите за одмор, стана составен дел од работењето на луѓето кои сакаат да постигнат повеќе.

Ова посебно се однесува на оние кои се нови во работата или фирмата. Доколку и вие вака работите, престанете во истиот момент, напоменува истакнатиот медиум „Quora“.

За тоа пишува претприемачката Сандра Нејлор и нагласува дека не треба да работите ништо што не сакате, па така поедноставно одлучете да не работите овој викенд и немојте да работите. Опуштете се во текот на викендот. Границите се најефикасното тајно оружје на успешните.

Да претпоставиме дека сте добар работник кој е подготвен да работи и да жртвува се за работата кога тоа е потребно. Веројатно веќе следната недела вас ве чека некој важен состанок или завршеток на проект за голем клиент. Сепак, знајте дека во корпорациите секогаш постои непотребна паника и превентивна ургенција. Во вакви фирми, просто, владее епидемија на лажна итност.

Вработените кои создаваат работохоличарска култура не се обидуваат да ве спржат. Тие само се преплашени од идејата дека нема се да постигнат, дека нема да постигнат бонуси, дека нема да ги достигнат висините за кои мечтаат итн. Лидерите работат до ср’ж и имаат такви очекувања.

Вистина е дека доколку дозволите работата да биде доминантна, вашиот живот оди во служба на компанијата. Поставете се како лидер и решавајте ги проблемите на подолги патеки, а не оние моменталните. Дури 40 часа неделно работите и тоа е многу. Тоа е повеќе од половина ваш неделен живот. Доколку ефикасно го трошите тоа време, можете многу да постигнете.

Сепак оваа претпиемачка предупредува дека нејзиниот апел не може да се однесува на компаниите кои работат со менаџмент консалтинг или банкарски инвестиции. Но луѓето што работат таму знаеле што ги очекува пред да се вработат.

За овие другите, важно е да знаете дека другите ќе ве ценат повеќе доколку вие самите се цените себеси. Кога некој ќе види дека имате јасни ставови, во вас ќе препознаат нов лидер и ќе ве почитуваат. Вашата среќа е многу важна, а неможете да ја имате доколку не се посветите на тоа што ве прави среќни. Работејќи дење и ноќе, за викенд, во еден момент ќе прегорите и ќе разберете дека вашата работа станала ваш живот. Ќе се доведете во робовладетелски систем.

Не се плашете да ги поставите своите граници, колку и да мислите дека треба да бидете благодарни што имате работа, не е се така црно-бело. Постојат многу фирми кои ги негуваат деловната култура и правата на работниците. Секако дека треба да излезете во пресрет и да се посветите на некој проект така што ќе го работите и за викенд, но тоа не треба да биде за секој проект кој го работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП