2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстријците против CETA

Австријците против CETA

Austrija

Голем дел од Австријците е против договорот за слободна трговија помеѓу ЕУ и Канада (CETA), покажува истражувањето на јавното мислење на Австриското друштво за европска политика (OeGfE).

Дури 73 проценти од испитаниците го одбиваат овој договор, но истовремено 78 проценти признаваат дека се лошо информирани за CETA.

CETA, за разлика од договорот со САД (TTIP) е речиси договорен, а текстот може да се прочите на сајтот на Европската комисија.

Расположението на граѓаните кон CETA, поради недоволно информации, може да доведе дотаму што Австрија нема да дозволи негова примена, а парламентот мора да ја одобри ратификацијата.

Австрискиот канцелар и лидер на Социјалдемократската партија (SPO) Кристијан Керн, најави спроведување на истражување меѓу членовите за CETA.

Истражувањето на „OeGfE“ покажува дека 89 проценти од членовите и симпатизери на „SPO“ моментално се против CETA.

Без гласовите на пратениците на „SPO“ примената на овој договор не е можна, а покрај тоа и пратениците на „Зелените“, како и Слободарската партија(FPO) јасно се против CETA.

„Големата поларизација и недоволните информации за конкретните предности на CETA, негативно се одразуваат на ставот за тој документ“, анализира генералниот секретар на „OeGfE“ Пол Шмит.

Моментално дури 51 процент од Австријците тврди дека се „противници на слободната трговија“, а се на се 31 процент имаат позитивен став.

Шмит истакнува дека противењето за овој договор е поврзано со актуелното губење на довербата во политиката.

Поради тоа, Шмит апелира на благовремено и отворено информирање, размена на аргументи и податоци за CETA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП