3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка ја намали клучната каматна стапка

Руската централна банка ја намали клучната каматна стапка

rusija-centralna

Руската централна банка во петокот ја намали клучната каматна стапка за половина процентен поен, на 10 отсто, првпат од јуни, во рамките на настојувањата да се поткрепи подзастанатата руска економија.

Централната банка во соопштение наведува дека одлуката е донесена на основа на намалените инфлаторните очекувања и нестабилната економска активност. Напомнуваат, исто така, дека немаат намера дополнително да ги намалуваат каматите пред почетокот на следната година.

Стапката на инфлација во Русија се лизна на 6,6 отсто во септември од 7,2 во јули, објави централната банка, припишувајќи ја промената на трендот на поповолните надворешни економски услови отколку што се очекуваа.

„Според процените на централната банка, за ваквиот тренд да се преточи во постојан надолен тренд актуелната стапка на инфлација би требало да се задржи до крајот на 2016 година, со можност за намалување во првата половина од идната година“, се наведува во соопштението.

Руската економија, која инаку силно се потпира на извозот на енергија, во моментов минува низ најдлабоката рецесија во последните 16 години, или откако на власт дојде Владимир Путин, поради ниските цени на пазарот и западните санкции воведен поради наводната улога на Русија во судирите во Украина.

Куповната моќ на просечниот Русин е во опаѓање во контекстот на слабеењето на руската рубља којашто од 2013 година загуби речиси половина од вредноста. Оттаму, тамошната централна банка е особено претпазлива, стравувајќи од инфлацијата и предвидувајќи нејзино лизгање на 4,5 отсто до септември 2017 година, и на 4 отсто до крајот на следната година.

Кога станува збор за вкупните економски активности, во руската централна банка предвидуваат можно враќање на растот на бруто домашниот производ (БДП) до крајот на оваа година, по 3,7-процнетниот пад во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП