2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата падна под нивото од 46 долари

Нафтата падна под нивото од 46 долари

nafta-nafta-

Цената на нафтата падна во петок на меѓународните берзи под нивото од 46 долари по вестите за зголемување на иранскиот извоз и за обновата на снабдувањето од Нигерија и Либија, кои го потврдија фокусот на трговците на прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барел сурова нафта падна 80 центи во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 45,79 долари. На американскиот пазар барел се тргуваше по 73 центи пониска цена, од 43,18 долари.

Пазарот денеска повторно се фокусираше на прекумерното снабдување, откако најновите податоци од Иран покажаа дека извозот од третиот по големина производител на нафта во ОПЕК, според сѐ, се приближува на нивоата од периодот пред санкциите.

Извор запознаен со распоредот на утовар на танкерите во таа земја за Reuters рече дека иранскиот извоз во август го надмина нивото од два милиона барела дневно. Така на годишно ниво, ако се изземат кондензатите, е речиси удвоен во однос на минатогодишното ниво, на 2,11 милиони барели дневно, наведува тој извор.

Голем дел од новиот ирански извоз е наменет за Азија и Европа. Така индискиот дневен увоз од Иран порасна во август на највисокото ниво во последните 15 години, според трговски и транспортни извори.

Австриски OMV, пак, објави во петок дека во Италија ја презел првата испорака на иранска нафта од 2012 година.

Се појавија и индиции за обновување на снабдувањето од Нигерија и Либија, две земји чиј извоз на сурова нафта беше намален заради судири и немири. Либија отвори неколку главни пристаништа и го обнови извозот, објави во четврток националната нафтена корпорација NOC.

Во Нигерија ExxonMobil се подготвува за утовар кон крајот на септември, по прогласувањето на ‘виша сила’ во јули, покажуваат трговските податоци.

Вниманието сега е насочено кон неделните податоци за бројот на активно американски бушотини, кои денеска ќе ги објави Baker Hughes. Минатонеделните податоци покажаа седум бушотини повеќе, вкупно 414, најмногу од февруари.

Одвоено, Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка на нејзината нафта во четврток била 89 центи пониска од претходниот ден и изнесувала 41,67 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП