24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката за меѓународни порамнувања создава единица за сајбер безбедност

Банката за меѓународни порамнувања создава единица за сајбер безбедност

A sign is seen beside the entrance of the Bank for International Settlements in Basel

Клучните централни банки во светот сакаат да воведат глобален систем од правила за заштита од хакерски напади. Затоа Банката за меѓународни порамнувања, организацијата на централните банки во светот, во текот на летото создаде специјална единица за сајбер безбедност, соопшти агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на двајца извори запознаени со темата.

Дирекцијата е уште во почетокот на својата работа и собира информации од членовите на организацијата за мерките за борба против измама.

Од Банката за меѓународни порамнувања одбиле да дадат коментар на оваа тема, посочува германската телевизија „n-tv“.

Во информацијата се потсетува дека повод за иницијативата стана сајбер нападот над централната банка на Бангладеш од почетокот на годината, при што хакерите успеале да присвојат 81 милиони долари. При нападот тие го користеле меѓународниот систем „SWIFT“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП