21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа

Продолжена акцијата за бесплатно приклучување кон топлинската мрежа

parno 0303

За да излезе во пресрет на големиот број барања на заинтересирани граѓани, компанијата „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“, го продолжи рокот за пријавување за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија, којшто со новата одлука ќе трае до 30-ти септември.

За првите 15 дена од почетокот на акцијата, поднесени се вкупно 471 барања за повторно приклучување во системот за топлинска енергија. Дополнително, во изминатиот период голем број заинтересирани граѓани се обратија во наплатните пунктови на БЕГ за да ги добијат неопходните информации за начинот како можат да ја искористат оваа поволност, а регистирани се и над 600 јавувања во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-200.

Акцијата се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“ и се однесува само на објектите кои имаат техничка можност да бидат приклучени во системот за толинска енергија во Скопје.

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за домаќинствата се намали за 10,93%, на што претходеше и одлуката на компанијата за продолжено греење во вечерниот период за најмалку еден час, што се дополнителни придобивки за потрошувачите. Освен домаќинствата, акцијата за бесплатно приклучување во системот за греење до 30-ти септември важи и за правните лица, кои исто така добија значително намалување на цената на парното греење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП