3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија планира мерки за зголемување на бројот на странски работници

Јапонија планира мерки за зголемување на бројот на странски работници

japonija rabotnici3353

Јапонија планира мерки за зголемување на бројот на странски работници, за да се справи со недостигот на работна сила, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на двајца советници на премиерот Шинзо Абе.

Масахико Шибајама, пратеник од владејачката Либерално-демократска партија, кој е и специјален советник на премиерот, во денеска во Сингапур, напомена дека политиките кои се разгледуваат, може да доведат до удвојување на бројот на странски работници во Јапонија.

„Веројатно во текот на следните неколку недели ќе бидат прифатени многу стратегии. Не мислам дека има фиксна цел од страна на владата, но според мене не може да се избегне удвојување на бројот на странски работници во оваа глобална ситуација. Треба да создадеме одржлив систем за прифаќање на повеќе и повеќе странски работници“, изјави Шибајама.

Имиграцијата често била понудена како решение на демографските проблеми во Јапонија, каде што населението старее, а наталитетот е низок. Абе даде ветување да не овозможи населението да се намали под 100 милиони лица. Сега во Јапонија живеат 127 милиони луѓе. „Bloomberg“ коментира дека идејата за доведување на работна сила допрва треба да се прифати, бидејќи постојат стравувања за потенцијалните ефекти врз релативно затвореното општество.

Во одделно интервју од четвртокот Јасутоши Нишимура, советник на Абе и поранешен заменик-министер за економија, изјави дека Владата планира да помогне со закон за проширување на системот за странски работници. Во рамките на овој систем вработените можат да работат во земјата за одреден временски период. Според зборовите на Нишимура во моментов по оваа шема во Јапонија работат 190.000 странци, а новиот закон ќе им овозможи да останат во земјата до пет години, а не до три, како што е сега.

Покрај тоа, властите во Токио размислуваат нови категории на визи за сектори од економијата, кои страдаат од недостаток на работна сила, како што се туризмот, кој се проширува со брзо темпо. Според Шибајама токму развојот на странскиот туризам помогнало за промена на односот кон другите земји.

Се очекува да биде подобрен системот за контрола особено по критиките за злоупотреби со вработените во земјоделството и текстилната индустрија. Има и дискусии за внесување на работници од Индија и Виетнам, посочи Нишимура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП