3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД официјално објавија повлекување на милион телефони Samsung Galaxy Note 7

САД официјално објавија повлекување на милион телефони Samsung Galaxy Note 7

Image (16)

Американската комисија за безбедност на потрошувачките производи (CPSC) објави официјално повлекување на моделот на паметниот телефон Samsung Galaxy Note 7 по извештаите за експлозии на уредот поради неисправните батерии.

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ веќе покрена доброволно повлекување на овој модел паметен телефон, по поплаките на бројни потрошувачи.

Според податоците на компанијата, проблемот со батеријата засега 2,5 милиони уреди на светско ниво, вклучително и милион во САД, Повлекувањето доаѓа во денот кога американски „Apple“, најголемиот ривал на глобално ниво на „Samsung“, ги пушти во продажба новите модели на својот iPhone.

„Поради тоа што овој производ претставува таква сериозна опасност од пожари, ги повикувам сите потрошувачи …. веднаш да го искористат повлекување“, изјави Елиот Кеј, челникот на CPSC.

Досега во „Samsung“ примиле 92 извештаи за прегревање на батеријата на уредот Galaxy Note 7 во САД, вклучително и 26 извештаи за изгореници и 56 извештаи за материјални штети., се наведува на интернет страницата на американската Комисија.

Комисијата соопшти дека ќе го забрза повлекувањето на овој паметен телефон, додека Тим Бејкстер, претседател на „Samsung Electronics“ за Америка изјави дека „безбедноста на потрошувачите секогаш е нашиот највисок приоритет“.

Овој нов модел на „Samsung“ беше лансиран на 19-ти август, и од тогаш генерално беше добро прифатен од страна на експертите и потрошувачите.

Моделот Galaxy Note 7 е најновиот уред од серијата на „Samsung“ на таканаречените фаблети, паметни телефони со многу големи екрани и во овој случај со светлосно пенкало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП