3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска со тежок проблем - нема невработени

Данска со тежок проблем – нема невработени

данска

Данска технички бележи полна вработеност и мора да најде начини да ја зголеми својата работна сила со цел да ги избегне штетните последици по економијата.

На овој проблем предупредија од данската Централна банка.

„Невработеноста достигна „структурно ниво“… Меѓу невработените, да кажеме, нема резерва работници, утврди Централната банка во кварталниот извештај“.

„Веќе постојат назнаки за притисок на пазарот на труд. Најочигледниот показател е во извештајот за недостатокот на работници во градежниот и производниот сектор“, се додава во извештајот.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Данска во мај изнесувала 4,2 проценти.

Во Централната банка издвојуваат четири групи на граѓани кои би можеле да ја зголемат работната сила – станува збор за работници кои го одложуваат заминувањето во пензија, студентите, граѓаните со инвалидски пензии и мигрантите.

Исто така, од централната банка предупредија дека на пазарот на недвижнини во Копенхаген му се заканува прегревање.

„Зголемувањето на цените во Копенхаген е толку силно што неговиот раст можеби укажува на балон…токму како и во средината на минатата деценија“, предупредија од Централната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП