3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Државниот долг на САД

График на денот: Државниот долг на САД

usdolg 00

Кога бројките достигнат милијарди или илјади милијарди, тие почнуваат да губат контекст. Американскиот државен долг е една таква бројка, коментира „VisualCapitalist“. Во моментов тој е на ниво од 19,5 илјади милијарди долари, кој е толку голема бројка, тоа е тешко да се замисли.

Колку всушност е голем државниот долг на САД?

usdolg 06

1. Американскиот државен долг е поголем од 500-те најголеми јавни претпријатија во САД

usdolg 01

S & P 500 е берзански индекс, кој ја следи вредноста на 500-те најголеми американски компании според нивната пазарна капитализација. Тој вклучува огромни компании како „Apple“, „Exxon Mobil“, „Microsoft“, „Alphabet“, „Facebook“, „Johnson & Johnson“ и многу други. Во летото 2016-та година, вкупната вредност на овие 500 компании се зголеми до 19,1 илјади милијарди долари или малку под државниот долг.

2. Државниот долг на САД е поголем од сите средства, управувани од седумте најголеми менаџери во светот

usdolg 02

Најголемите менаџери на средства во светот – компании како „Blackrock“, „Vanguard“ или „Fidelity“, управуваат инвеститорски средства со вредност од илјади милијарди долари во акции, обврзници, заеднички фондови, акции со кои тргуваат фондови и други. Ако ги земеме седумте врвни компании во овој сектор и ги собереме средствата со кои тие управуваат, износот ќе биде едвај 18,9 илјади милијарди долари.

3. Американскиот државен долг е 25 пати поголем од светскиот извоз на нафта во 2015-та година

usdolg 03

Да, земји како Саудиска Арабија, Кувајт и Русија остваруваат големи добивки од продажбата на нафта по светот. На цифрите зад овој извоз сепак се ништо во споредба со долгот на САД. За да се исплати во целост долгот, Саудиска Арабија ќе треба да ги донира своите приходи од извозот на нафта во следните 146 години.

4. Државниот долг на САД е 155 пати поголем од златото, добиено во целиот свет секоја година

usdolg 04

Долго време златото е симбол на парите и богатството, но дури годишното светско производство од околу 3.000 тони од скапоцениот метал е ништожна честичка од целиот долг. Според денешните пазарни цени ќе мора да се произведува злато во следните 155 години, за да се отплати целиот долг.

5. Всушност државниот долг на САД е поголем од сите физички валути, златото, сребро и биткоини, земени заедно

usdolg 05

Токму така, ако ги соберете секој долар, евро, јен, фунта, јуани или секоја друга глобална физичка валута или монета присутна, сумата ќе достигне само 5 илјади милијарди долари. Ако кон неа се додаде физичкото злато (7,7 илјади милијарди долари), среброто (20 милијарди долари) и криптовалутите (11 милијарди долари), вкупната сума изнесува 12,73 илјади милијарди долари. А тоа е само 65% од државниот долг на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП