
Во петок почнува десеттото јубилејно издание на манифестацијата „Штипска Пастрмалијада 2016“.


Во петок почнува десеттото јубилејно издание на манифестацијата „Штипска Пастрмалијада 2016“.
На локацијата „Дујле“ каде што пред некој ден заврши конструкцијата на новиот кружен тек, поставена е сцената за концертните настапи.Синоќа е направена прва проба на озвучувањето и се е подготвено за настапот на музичарите а угостителите веќе ги поставуваат своите штандови кои денес ќе бидат комплетно спремни.
Отворањето на манифестацијата е во 19 часот, со претставување на традиционалната џиновска пастрмалија.
Првата вечер, главни гости се „ЈУ група“, во сабота се „Рибља Чорба“ а манифестацијата во недела ќе ја затвори Здравко Чолиќ со настап во 23 часот. Исто така и годинава нема да изостанат традиционалните активности, „Трка на келнери“ и „Брзо јадење на пастрмалии“.