28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадзорна расправа за поплавите во Собрание

Надзорна расправа за поплавите во Собрание

поплави-копаат

Надзорна расправа на тема: „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“ ќе се одржи во петок, со почеток од 11 часот, во Сала „Борис Трајковски”, во зградата на Собранието.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 53. седница, ќе одржи надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“.

На надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Македонија, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи во Собранието и други учесници и гости. Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе покани (30) сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија и научни институции да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата.

Од опозициската СДСМ порачуваат дека власта нема да избегне одговорност за поплавите кои се случија на 6 август.

„Денеска започнува Надзорната расправа во Собранието за поплавите и таму мора да се појават: Никола Груевски, Никола Тодоров, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Михаил Цветков, Владо Мисајловски, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Жарко Караџовски, Оливер Ромески, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу. Сите овие лица на раководни позиции, на чело со Груевски кој ги постави и беше 10 години премиер и должат многу одговори на јавноста за последиците од поплавите што однесоа животи на бебиња, на деца, на невини луѓе и предизвикаа огромни материјални штети“, соопштија од партијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП