3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците ја намалија невработеноста на 23 проценти

Грците ја намалија невработеноста на 23 проценти

grcija-kriza-pari

Стапката на невработеност во Грција во периодот април-јуни падна на 23,1 проценти од 25 проценти во првиот квартал, но таа е и понатака една од највисоките стапки во ЕУ.

Во вториот квартал во Грција 1,1 милион лица биле без работа, додека 3,7 милиони биле вработени, соопшти грчката агенција за статистика, пренесува агенцијата АП.

По колапсот на грчките јавни финансии на почетокот на 2010 година и потпишувањето на првиот од трите пакети помош во вредност од повеќе милијарди евра, стапката на невработеност во таа земја скокнала на ниво кое не е видено во новата грчка историја.

Сепак, стапката на невработеност генерално се намалува откако на почетокот на 2о14 година се приближила до нивото од 28 проценти.

Владата во Атина моментално е во преговори со меѓународните кредитори за реформите, чија примена ќе обезбеди исплатата на транша од кредитот за Грција во износ од 2,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП