10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ќе ја подготви листата на даночните засолништа до крајот на 2017-та

ЕК ќе ја подготви листата на даночните засолништа до крајот на 2017-та

tax haven

Европската комисија (ЕК) ќе биде готова до крајот на 2017-та година со конечниот список на даночните јурисдикции со статус на „засолништа“ за избегнување на даноци кои не соработуваат на европските власти, објавија од ЕК.

Во соопштението на Комисијата се потсетува дека во јануари институцијата отвори третстепен процес за создавање на заедничка листа на Европската унија (ЕУ) со даночни јурисдикции, како дел од планот за ограничување на избегнувањето и затајувањето на данок.

Првиот чекор предвидува прелиминарната оценка на надлежноста со статус на даночни засолништа – т.н. „табела со индикатори“.

Табелата со индикатори на ЕК е создадена како се анализирани сите земји надвор од ЕУ и даночните јурисдикции во светот, за да се процени опасноста од олеснувањата од избегнувањето на даноците.

Оваа прелиминарна проценка се базира на објективни показатели, вклучувајќи економски податоци, финансиска активност, институционални и правни структури, како и основните стандарди за добро управување во областа на оданочувањето, појаснуваат од Комисијата.

Табелата ги претставува фактичките информации за секоја земја во однос на три критериуми: економски врски со ЕУ, финансиска активност и фактори на стабилност. Јурисдикциите кои во голема мера ги покриваат овие три категории, се разгледуваат и спрема други индикатори за опасност, како што се степенот на транспарентност или можното спроведување на корист од даночни режими.

Претходната евалуација нема да биде прелиминарен список на ЕУ. Целта е да се помогне на земјите во ЕУ да го стеснат опсегот на својата проверка за да се одлучи кои земји да ги проверуваат подетално од гледна точка на доброто управување во областа на оданочувањето.

ЕУ ќе работи во тесна соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во составувањето на листата и ќе ги земе во предвид оценката на организацијата по стандардите за транспарентност на надлежност, се наведува во соопштението на ЕК.

Следниот чекор предвидува врз основата на табелата, земјите од ЕУ да одлучуваат кои даночни јурисдикции сакаат да се проверат. Дури потоа ќе се пристапи кон изготвување на конечната листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП