26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбврзницата за денационализација РМДЕН15 на максимална вредност

Обврзницата за денационализација РМДЕН15 на максимална вредност

акции-раст-берза

Обврзницата за денационализација РМДЕН15 во четвртокот заврши на нејзина максимална вредност од 93,50 отсто, и оствари промет од 1.599.519,87 денари и истргувани 27.963 лотови.

Единствен “милионер” на денот на страната на акциите беше акцијата на Нова стоковна куќа Струмица со вкупен промет од 1.383.750 денари и истргувани 15 акции по цена од 92.250 денари.

Оваа акција беше воедно и на врвот на листата на добитници со раст од фантастични 287,61 отсто.

Наспроти неа, акцијата на Топлификација АД Скопје ја намали својата вредност за 3,62 отсто, преку 90 истргувани лотови.

Зад неа рангирани беа и акциите на Окта АД Скопје со пад на вредноста од 2,34 проценти и на Стопанска банка АД Скопје со пад од 2,04 отсто.

Индексот МБИ-10 бележеше незначителен пад од 0,07 отсто и денот го заврши на вредност од 1.953,10 индексни поени, додека ОМБ минимално се корегираше во нагорна линија за 0,13 отсто.

Денот на Македонската берза заврши со промет од 5.036.289,87 милиони денари. реализирани преку 37 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП