2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBBC ќе мора да ги објави платите и хонорарите на своите ТВ...

BBC ќе мора да ги објави платите и хонорарите на своите ТВ ѕвезди

ббц

Британската влада објави план со кој од јавната телевизија BBC се бара целосна транспарентност, јави The Telegraph.

Во рамки на реформите што се спроведуваат за да дојде до заштеда, од BBC мораат да ги објават имињата на своите главни ѕвезди, популарни новинари и водители кои заработуваат повеќе од 150 илјади фунти, односно повеќе од 180 илјади евра годишно.

Буџетот на BBC почна да ја интересира британската јавност кога пред неколку дена беше објавено дека државната телевизија останала без една од најгледаните емисии “The Great British Bake Off”, која ја откупи конкурентската комерцијална телевизија.

„Поголемата транспарентност во смисла на откривањето на платите и хонорарите ќе донесат заштеди кои потоа ќе можат да се инвестираат во подобри програми“, рече министерката за култура Карен Бредли во Претставничкиот дом на британскиот парламент.

BBC има се посилна конкуренција, а реформите, освен намалување на платите, вклучуваат и откази на стотици вработени во британскиот јавен сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП