5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез ново намалување на каматните стапки од страна на „BOE“, барем засега

Без ново намалување на каматните стапки од страна на „BOE“, барем засега

acb 998

Новата средба на Управниот одбор на Англиската централна банка (BOE) не донесе промена во нивото на каматните стапки, но финансискиот регулатор не ја исклучи можноста за ново намалување до крајот на оваа година.

На средбата во август комисијата за фискална политика на Управниот одбор на банката одлучи да ја намали основната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,25 отсто. Денес „BOE“ го задржа тоа ниво, но вели дека може да го намали проценти во ноември, ако дотогаш долгорочниот поглед за британската економија остане непроменет.

Банката забележа дека показателите за состојбата на економијата на краток рок се подобри од очекуваните, но истакна дека не може да прави заклучоци за развојот на долг рок врз база на овие податоци.

По изјавата фунтата забележа пад од 0.34 отсто во однос на доларот и во моментов се разменува за 1.3192. Во исто време, главниот берзански индекс на Лондонската берза FTSE 100 се движи со 0.24% нагоре на 6689.00 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП