18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ги задржува олеснувањата на монетарната политика

Швајцарија ги задржува олеснувањата на монетарната политика

Swiss-national-bank-e

Швајцарската централна банка ја остави без промена монетарната политика, задржувајќи ја депозитната камата на рекордно ниско ниво и покрај растечките критики кон негативните каматни стапки, соопшти „Ројтерс“.

Регулаторот ја остави тримесечната меѓубанкарска стапка во опсег од -1,25% и -0,25%, како што очекуваа економистите анкетирани од „Ројтерс“. Депозитна камата останува во износ од -0,75%.

„Франкот се уште е значително преценет“, пишува во соопштението на Швајцарската национална банка. „Негативната камата и подготвеноста на банката да се интервенира на девизниот пазар имаат за цел да направат инвестициите во франци помалку атрактивни и на тој начин да го совладаат поскапувањето“, се вели уште во текстот.

Банката очекува швајцарската економија да порасне за 1,5% во текот на оваа година. Прогнозата за инфлацијата во 2016-та година останува за негативна вредност од -0,4 отсто, а оваа за 2017-та година и 2018-та година е намалена до соодветно 0,2% и 0,6%.

Според централните банкари одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија создаде значителна неизвесност и ја прави тешка оценката за изгледите пред глобалната економија.

Се очекува во втората половина економскиот раст во Швајцарија да е скромен отколку во првите шест месеци, делумно поради привременото слабеење на растот во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП