29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајновиот брутален кабриолет на Mercedes-AMG (фото+видео)

Најновиот брутален кабриолет на Mercedes-AMG (фото+видео)

r roudster 00

Суперавтомобилoт на „Mercedes-AMG“ веќе е достапен и како кабриолет. Германците ги открија првите официјални фотографии и информации за својот „GT Roadster“, чија јавна премиера ќе се одржи наскоро во Париз.

r roudster 01

Овој модел се нуди во две верзии – „GT Roadster“ и „GT C Roadster“, а втората е концентрирана во спортот и зазема голем број компоненти од врвниот модел „AMG GT R“. Отворениот „GT C“ е опремен со задниот мост на каросерискиот „AMG GT R“ со покажување на истиот диференцијал со електронско блокирање и проширени траги.

r roudster 02

„Mercedes-AMG GT C Roadster“ го користи познатиот 4,0-литарски V8 мотор кој генерира моќност од 550 КС и 680 Нм максимален вртежен момент, достапен при само 1.900 врт/мин. Ова му овозможува на кабриолетот да развива 100 км/час за 3,7 секунди и да постигнува максимални 315 км/час.

r roudster 03

Поумерениот „Mercedes-AMG GT Roadster“ исто така користи 4,0-литарски V8 мотор, но поставен да генерира 469 КС и 630 Нм. Забрзување од место до „стотка“ трае точно 4,0 секунди, а максималната брзина е ограничена на 300 км/час.

r roudster 04

И кај двата модели трансмисијата е автоматска со седум степени и две спојки, а има променет преносн на брзини и се нуди режимот „Race“.

r roudster 05

Новите „GT Roadster“ и „GT C Roadster“ располагаат со мек кров, кој работи при брзина до 50 км/час. Тој е достапен во три различни бои – црна, црвена или беж, а е изработен од лесни и здрави материјали – магнезиум, челик и алуминиум. За надворешнста се поредложени 11, а за ентериерот 10 бои.

Повеќе детали ќе бидат откриени за време на премиерата во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП