ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на продажните цени на производителите на индустриски производи

Пад на продажните цени на производителите на индустриски производи

industriski proizvodi22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.7% на месечно ниво, а за 3.2% на годишно ниво.

Во јули 2016, во споредба со јуни 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.3%, а во секторот Преработувачка индустрија и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4%.

Во јули 2016, во споредба со јули 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.1%, во секторот Преработувачка индустрија за 3.4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1.7%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.3% на месечно ниво, а за 7.1% на годишно ниво.

Во јули 2016, во споредба со јуни 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 6.8% во секторот Рударство и вадење на камен, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.4%.

Во јули 2016, во споредба со јули 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 12.4%, а во секторот Преработувачка индустрија за 6.5%.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП