22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на прометот во индустријата на домашниот и на странскиот пазар

Раст на прометот во индустријата на домашниот и на странскиот пазар

proizvodstvo industrisko34

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 113.1.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 3.5%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16.1%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст од 13.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13.1%.

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.3%, Капитални производи за 14.8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 14.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.9%.

Индексот на прометот во индустријата во јули 2016 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 101.7, додека во периодот јануари-јули 2016 година, во однос на периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 110.4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП