7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаго зголемување на довербата во преработувачката индустрија

Благо зголемување на довербата во преработувачката индустрија

prer

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2016 година е за 0.5 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на август 2015 година е зголемен за 5.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2016, во однос на јули 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на август 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2016 година изнесува 65.1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.1%, недоволната домашна побарувачка со 17.2% и недостигот на квалификувана работна сила со 14.3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП