19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзраел ќе добие рекордна воена помош од САД

Израел ќе добие рекордна воена помош од САД

israel army 33

САД одобри рекордни 38 милијарди долари, кои ќе бидат доделени на Израел во форма на воена помош во наредните 10 години, соопшти Стејт департментот. Тоа е најголемата зделка од овој тип за Вашингтон.

Претходниот договор за воена помош кон Израел истекува во 2018-та година и предвидува доделување на 3,1 милијарди долари годишно за Тел Авив, потсетува „ВВС“.

Пропалестинските организации веќе остро ја критикуваа оваа помош, забележува уште „ВВС“. За израелските лобистички групи сепак доделената помош од САД е „силна порака која ќе ги одврати“ непријателите на Израел.

Од пораката на Стејт департментот во САД станува јасно дека новиот договор ќе стапи на сила во фискалната 2019-та година и ќе биде во сила до 2028-та година.

„ВВС“ наведува дека пакетот предвидува 500 милиони долари годишно за израелскиот ракетен систем за одбрана. Со парите Израел ќе може да купува само производи на одбранбената индустрија на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП