6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина ќе му порача на ММФ: Доста беше!

Атина ќе му порача на ММФ: Доста беше!

grcijaaaa-ja-ja-ja

Грција ќе им соопшти на доверителите дека не може да ги исполни реформите во законот за работни односи кои од неа ги бара Меѓународниот монетарен фонд за да го поддржи третиот пакет помош.

Тоа го изјави грчкиот министер за труд Јоргос Катругалос во интервјуто за британската агенција Ројтерс.

Говорејќи неколку часа пред состанокт со шефовите на мисијата на Европската унија и ММФ, Катругалос наведе дека официјална Атина ќе се бори да ги заживее колективните преговори.

„Сакаме да го заживееме колективното преговарање, бидејќи тие се сржта на европскиот социјален модел“, изјави тој, додавајќи дека колективното преговарање во текот на претходниот пакет помош ослабело.

Минималната заработка во Грција, која во моментов изнесува 586 евра, би требало да ја одредат социјалните партнери – работници и работодавци – а не државата на барање на кредиторите, смета Катругалос.

Како што потсети, кредиторите на Грција исто така бараа ублажување на законот за масовни отпуштања.

„Постојат мерки кои работодавците веќе ги отфрлија во Грција. Стигнавме до точка каде повеќе не можеме да го толерираме влошувањето на статусот на грчките работници“, изјави министерот, додавајќи дека постои простор за подобрување на работното законодавство, но дека нема потреба за радикални промени.

„Не сакам да дискутирам за доплнителни прашања, како што тоа го прави ММФ. Доколку треба да преземеме мерки во иднина, ќе разговараме за нив со нашите европски партнери“, порача Катругалос.

Прашањето за реформирање на законот за труд, како што оценува Ројтерс, е чувствително за владата на премиерот Алексис Ципрас, со оглед на стапката на невработеност од 23,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП