3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнуваат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“

Почнуваат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“

carsija

Манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“ ќе се одржат во четврток и петок на тесните улички на Старата скопска чаршија, каде голем број уметници ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани.

Преку многубројните концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, презентација на занаети и годинава Старата скопска чаршија ќе живее во духот на традицијата.

„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација којашто годинава се одржува по 10 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Програмата на манифестациите „Звуците на чаршијата” и „Сите заедно“, ќе биде богата, а присутните граѓани ќе имаат можност во четврток на плоштадот Филип Втори од 21:00 часот, да уживаат во настапот на Kida&Mozzik и бендот „Тyzze”, а на 16 септември во 12 часот да се забавуваат со Dens, потоа во изведба на староградси македонски песни, во настапот на група на млади музичари на класични инструменти, ликовна колонија, културно уметнички друштва и литературна вечер до 20 часот, а од 21 до 24 часот на плоштадот Филип Втори, ќе се одржат настапите на: Банд, Full Stop, DhurataDora, McKresa&Lirical son.

Градот Скопје од својот буџет за реализација на манифестацијата „Звуците на чаршијата“ издвои 900. 000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП