Вкупниот промет на Македонската берза во средата изнесуваше 6.203.991,64 денари реализирани преку 46 трансакции и истргувана количина од вкупно 5.046 лотови.
Денот го одбележа блок трансакцијата со акциите на Скопски пазар АД Скопје со остварен промет од 1,9 милиони, истргувана количина од 200 акции по цена од 9.500 денари.
Од останатите хартии од вредност, акцијата на НЛБ Банка АД беше најтргуваната со промет од 615.700 денари и акцијата на крајот од денот заврши на вредност од 7.450 денари.
Најголем пад на вредноста од (-8,74%) забележа акцијата на Окта АД, а по неа следеа акциите на ФЗЦ 11 Октомври Куманово со пад од (-2,86%) и Охридска банка АД Скопје со пад (-2,84%).
Наспроти нив најголем раст од (+2,43%) бележеше акцијата на Универзална Инвестициона банка АД Скопје која вчерашниот ден го заврши со најголем пад на вредноста.
Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, раст од 0,21%, и изнесуваше 1.954,49 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет.