10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува академската година на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почнува академската година на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“

воена-ака

Академската година на питомците и студентите на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната Гоце Делчев – Скопје, започнува во четврток со предавање од страна на претседателот на Република Македонија и врховен командант на армијата Ѓорге Иванов.

Претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Геополитичка и геостратегиска положба на Република Македонија и бегалската криза“.

Покрај студентите, предавањето ќе го следат и генералите на Армијата на Република Македонија и персонал од Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП