14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе стане првиот светски пазар на авиони

Кина ќе стане првиот светски пазар на авиони

commercial-aircraft-corp-of-china-comac-c919-airplane

Кина ќе стане првиот светски пазар на авиони чија вредност ќе достигне билион американски долари, бидејќи сѐ поголем број припадници на кинеската средна класа ќе патуваат со авион, проценува американската авиокомпанија Boeing.

Се очекува оваа земја да ја зголеми својата комерцијална флота за повеќе од 6,8 илјади нови авиони, како и дека вредноста на флотата до 2035 година ќе достигне билион долари, објави Boeing во годишната прогноза за кинескиот пазар.

Проценките се дека патничкиот сообраќај во Кина ќе расте 6,4 отсто годишно во следните 20 години, со цел економијата сѐ повеќе да се потпира врз потрошувачката и услужната индустрија за покренување на растот.

„Со преминот на Кина на економијата која повеќе се темели на потрошувачката, воздухопловството ќе ја игра клучната улога во нејзиниот економски развој“, рече Ренди Тинсет, претседател за маркетинг во Boeing.

Кинеските превозници ги зголемуваат флотите и нудат нови директни линии за да ги задоволат побарувањата на сѐ поголемиот број на богати потрошувачи во Кина и ширум Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП