3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на берзанските индекси на Волстрит

Пад на берзанските индекси на Волстрит

Wall-Street

Берзанските индекси на Волстрит во вторник паднаа, особено во енергетскиот сектор заради падот на цената на нафтата, а под притисок беше и банкарскиот сектор бидејќи спласнаа очекувањата за зголемување на каматите на американската централна банка, Федерални резерви(Фед) во септември.

Dow Jones потона 1,41отсто, на 18.066 бодови, додека S&P 500 се лизна 1,48 отсто, на 2.127 поени, а Nasdaq индексот 1,09 отсто, на 5.155 бодови.

На вредност загубија сите десет сектори на S&P 500 индексот, а најмногу 2,8 отсто потонаа цените на акциите во енергетскиот сектор, што е последица на остриот пад на цената на нафтата.

Меѓународната агенција за енергија(ИЕА) и Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) предупредија дека очекуваат продолжување на нерамнотежата меѓу големата понуда и слабата побарувачка, што предизвика пад на цената на нафтата за три отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП