ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар со нов проект за модернизација на јавното осветлување

Општина Центар со нов проект за модернизација на јавното осветлување

centar osvetluvanje33

Moдернизација на системот на јавно осветлување, при што ќе биде воведена ЛЕД технологија на улично осветлување, со современи техники на управување и надзор најави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на прес-конференција.

Општината со новото осветлување ќе штеди од 60 отсто до 80 отсто од трошоците за енергија на годишно ниво. Целокупниот проект е проценет на 2.081.000 евра. Заштедата од замената е проценета на 3.850.000 евра.

Бенефиции од овој проект на општина Центар се поголема безбедност на јавните објекти, систем за регулација и детекција на дефекти, отстранување на нелегалните поврзувања, усмерена светлина која нема да им пречи на станарите од пониските спратови како и заштина на животната средина, економичност, уличките кои досега беа неосветлени ќе добијат нови светла на нови позиции.

Како што потенцира Жерновски, со оваа модернизација на осветлувањето ќе бидат осветлени и училиштата и градинките, со што ќе се зголеми и нивната безбедност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП