26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтип подготвен за „Пастрмалијада 2016“

Штип подготвен за „Пастрмалијада 2016“

штип

Општина Штип се подготвува за „Пастрмалијада 2016“, што треба да почне во петок, а програмата нуди, дегустација на традиционална џиновска пастрмајлија, трка на келнери и брзо јадење пастрмајлии, додека гостите ќе се забавуваат со звуците на неколку балкански групи.

„Се е подготвено, сцената се монтира, сета логистика е обезбедена, утре ќе започне поставувањето на штандовите на угостителите и во петок почнуваме со 10.тото, јубилејно издание на манифестацијата. Имаме и најава за посетители од Србија и Бугарија“, рече Кирил Панајотов од Општина Штип.

Во манифестацијата се вклучени сите служби, а голема поддршка има и од сообраќајната полиција.

„Овде сме да го регулираме сообраќајот, истиот ќе биде пренасочен кон другите приоди а ги замолуваме штипјани овие денови да ги остават возилата дома , да овозможат повеќе паркинг за гостите“’, рече Баже Милев, самостоен инспектор и командир на полициска станица за безбедност на патниот сообраќај во Штип.

И угосителите се подготвени за манифестацијата да се претстават во најдобро светло.

„Вчера имавме последен заеднички состанок, извршен е распоред на штандовите, локациите се знаат, и ќе направиме се повторно да се претставиме како добри домаќини. Една пастрмалија ќе чини 120 денари а квалитетот ќе биде докажан, штипски“, изјави Емил Попадинов, координатор на угосителите.

Отворањето на манифестацијата е во петок во 19 часот, со претставување на традиционалната џиновска пастрмајлија. Првата вечер, главни гости се „ЈУ група“, во сабота се „Рибља Чорба“ а манифестацијата во недела ќе ја затвори Здравко Чолиќ со настап во 23 часот. Исто така и годинава нема да изостанат традиционалните активности, „Трка на келнери“ и „Брзо јадење на пастрмалии“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП