3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Велика Британија останува на 11-годишен минимум

Невработеноста во Велика Британија останува на 11-годишен минимум

job centar 33

Невработеноста во Велика Британија останува на 11-годишен минимум во трите месеци до крајот на јули, пишува „Bloomberg“.

Бројот на невработените се намалува за 39.000 лица до 1,63 милиони и нивниот удел останува на ниво од 4,9%, покажуваат податоците на Националната статистичка служба.

Бројот на вработените бележи раст за 174.000 до 31,8 милиони, што е историски врв.

Само во јули бројот на невработените се намали до 4,7%, што е најниска вредност од септември 2015-та година.

Растот на надоместоците со исклучок на бонусите се забавува до 2,1%, а очекувањата беа за зголемување од 2,2 отсто. Пошироката мерка која ги вклучува бонусите, исто го забавува растот до 2,3%, што сепак е над очекувањата за 2,1% зголемување.

Податоците се доказ дека економијата се претставува подобро од очекувањата, по одлуката на мнозинството Британци од почетокот на јуни нивната земја да ја напушти Европската унија, коментира „Bloomberg“.

Англиската централна банка очекува невработеноста да се зголемува постепено, достигнувајќи 5,6% до средината на 2018-та година, заедно со притисокот врз платите, кој пак се одржува од побрзата инфлација, ќе има влијание на потрошувачката. Регулаторот, кој ја намали основната каматна стапка на претходното рочиште, се очекува да се воздржи од активности на средбата во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП