2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook, Twitter и уште 30 медиуми против лажните вести

Facebook, Twitter и уште 30 медиуми против лажните вести

download-2-696x488

Социјалните мрежи Facebook и Twitter, како уште и 30 светски медиуми ѝ се придружија на мрежата издавачки и технолошки компании во борбата против лажните вести и унапредувањето на квалитетот на информациите на лажните вести, пренесуваат агенциите.

Коалицијата наречена First Draft, основана во 2015 година со поддршка од технолошкиот гигант Google, објави во средата дека ќе состави кодекс на дејствување, ќе ја поттикнува новинарската писменост меѓу корисниците на социјалните мрежи и ќе покрене платформа на којашто членовите ќе може да ја проверуваат веродостојноста на контроверзните и контрадикторни медиумски информации.

Членки на оваа групација, меѓу другите се влијателни светски медиум и онлајн сервиси како американската телевизија CNN, американските тиражни дневни весници Washington Post и New York Times, новинската агенција Аgence France-Presse, YouTube, британски Telegraph, австралиската телевизиска мрежа ABC и панарапскиот сателитски телевизиски канал Аl-Jazeera.

Facebook со 1,7 милијарди корисници е најголемата социјална мрежа и често е критикувана за ширење на лажни вести и дезинформации. Twitter, пак, има 140 милиони корисници, но е клучна мрежа за ширење на вонредните вести.

„Филтрирањето на лажните информации може да биде тешко. Дури и кога медиумите ги споделуваат сториите кои се проверени и контролирани, секој од нас е потенцијален извор на информации којашто може да се објави на интернет“, вели извршната директорка на First Draft, Џени Сарџент.

„Живееме во времиња кога сите редакции, а уште повеќе социјалните мрежи, се соочуваат со прашањето на довербата и вистината“, укажува Сарџент.

Улогата на социјалните мрежи како Facebook и Twitter во тоа е многу важна, бидејќи преку нив лажната вест може да се прошири како пожар, додава.

„Нема да ги решиме овие проблеми прекуноќ, но сигурно воопшто нема да ги решиме доколку не работиме заедно“, заклучува Сарџент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП