27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин нареди - Казни за сите кои побегнаа

Путин нареди – Казни за сите кои побегнаа

путин-казни

Претседателот на Русија Владимир Путин и наложи на владата и полицијата да одредат казнени мерки за банкарите кои го прекршиле руското законодавство и побегнале во странство.

Путин го соопшти ова на состанокот со гувернерката на Централната банка Елвира Набиулина.

Шефицата на Централната банка повика да се најде решение за тој проблем на законско ниво и забележа дека 70 проценти од случаите за одземање на лиценцата на банките се поврзани со перењето пари.

„Треба да бидеме многу внимателни со цел да не се ограничи слободата на луѓето, но треба да и дадеме гаранција и на држата и на општеството и вложувачите во овие банки за сите криминални активности. Ајде овој налог да и го предадам на владата и полициските органи и заедно да размислиме“, изјави Путин.

Рускиот банкарски систем за последните три години многу помалку пружал услуги во криминалните сфери. Според зборовите на гувернерката, обемот на операции за извлекување на пари во странство се намалил од 1,7 билиони рублји во 2013 година до 110 милијарди рублји во првото полугодие од 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП