3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Новите правци за испорака на нафта

График на денот: Новите правци за испорака на нафта

isponafta

Од Норвешка до Бахамите и од Алжир до Австралија. Ултраниските цени на суровата нафта заедно со најевтина тарифа за испорака го поттикнуваат користењето на бројни егзотични нови правци за трговија со нафта, кои во принцип можат да најдат место и во последните туристички брошури, коментира „Bloomberg“.

Извозниците на нафта влегуваат во нови пазари, обидувајќи се да поминат низ вишокот од сурова нафта, кој ја преоформира економијата на нафтениот пазар и ги пренасочува правците за испорака, постоечки во последниве децении.

САД води во трендот благодарение на укинувањето на 40-годишната забрана за извоз на нафта, а снабдувањето во последните месеци е насочено за Кјурасао, Франција и Израел.

Трендот сепак се протега и надвор од САД, како и повеќето традиционални земји производители на нафта, тие експериментираат со повеќе необични дестинации, борејќи се за удел по падот на цената на нафтата.

Зад промовирањето на слични нови правци стои фактот дека нафтата се уште е во состојба на „контанго“, што значи дека краткорочните снабдувања се поевтини од оние во далечна иднина. Во комбинација со евтини трошоци за превоз, трендот значи дека извозниците на нафта можат да си дозволат да испорачаат производи на оддалечени локации за да ги рафинираат, наместо да ги остават во нафтени танкери за подоцнежно снабдување.

isponafta1

Зголемената листа на нови трговски рути може да биде од голема корист за нафтените рафинерии, кои можат да испорачуваат сурова нафта до повеќе дестинации. Таа може да биде профитабилна и за трејдерите на нафта како „BP“, „Trafigura Group“ и „Vitol Group“, кои ја ценат разликата во цените на нафтата меѓу различните локации, потенцијално за сериозни профити од тоа.

Минатата година Саудиска Арабија започна да испорачува нафта на Полска во борба со Русија за удел од привлечниот европски пазар. Обединетите Арапски Емирати извезуваат нафта до Романија, а Оман испраќа сурова нафта до САД за прв пат по три години – пример дека рафинериите ги отфрлат релативно повисоките цени на американската нафта за сметка на поевтиниот увозот од други региони.

„Овие потоци се можни само поради два силни трендови: исклучително ниските трошоци за превоз и поволните регионални производства на сурова нафта“, пишуваат аналитичарите од „JBC Energy“ во коментар од минатата недела. „Тоа се едноставни економски пресметки кои значително ги проширија опциите за нарачки на рафинериите“.

Аналитичарите наведуваат примери како Алжир, кој испраќа товар од сортата „Saharan Blend“ до Индонезија, Куба и Австралија. Испораките на нафта од Северното Море ќе бидат доставени до Јужна Африка, велат тие, додека претходните товари беа насочени кон атлантските брегови на САД и кон Бахамите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП