3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Најавуваат бариери - тие се закана за се“

„Најавуваат бариери – тие се закана за се“

lagard-kristin

Директорката на ММФ Кристин Лагард изјави дека политичарите кои ветуваат протекционистички мерки и економски бариери претставуваат закана за глобалната економија.

„Посои растечки ризик од политичари кои бараат мандат ветувајќи заземање на остри позиции кон странските трговски партнери како воведување на казнени тарифи или други рестриктивни трговски мерки“, изјави Лагард во Торонто, пренесува агенцијата Франс прес.

И двата кандидати за претседател на САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон најавуваат спротивставување на договорот за Транспацифичко партнерство, додека Трамп предложи воведување на високи царини на кинеската стока и го осуди договорот за слободна трговија меѓу САД, Канада и Мексико.

„Во текот на две децении пред 2000 година, глобалната трговија оствари раст од седум проценти, што е двојно повеќе од стапката на раст на светската економија. Трговијата, сепак, денес расте со темпо кое е под стапката на раст на глобалната економија и изнесува околу два проценти“, порача Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП