18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-украински бизнис форум во Скопје

Македонско-украински бизнис форум во Скопје

uk mk forum 33

Сојуз на стопански комори на Мекедонија (ССК) организира Македонско – украински бизнис форум на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис делегација од Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина, официјални претставници на Сојуз на стопански комори на Македонија и претставници од бизнис секторот во Македонија.

На бизнис форумот, што ќе се одржи во среда, во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, официјално обраќање ќе имаат Драган Митковски – заменик претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и Чижиков Генадиј Дмитриевич, претседател на Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина.

Целта за одржувањето на Македонско-украинскиот бизнис форум е подобрување на меѓусебната соработка, остварување на директни контакти со компаниите од Украина во насока на креирање на можности за воспоставување на конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи и услуги.

На Бизнис форумот ќе присуствуваат украински компании од различни сектори: автомобилски сектор, производство на сточна храна и производи од соја, медицина, градежништво, енергетика, производство на јаглен и др.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП