3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските држави во кои возот е поскап од авионот

Европските држави во кои возот е поскап од авионот

voz avion 3335

„GoEuro“, платформата за резервации на патувања со различни видови на транспорт во Европа, ги соопшти резултатите од нејзиниот „Transport Price Index“ за 2016-та година.

Тој ја одредува средната цена на авионски, железнички и автобуски патувања во различни европски градови. Индексот работи врз основа на анализа на цените на милиони продадени билети во „GoEuro“ во последната година.

Четири земји на Стариот континент можат да се пофалат со пониска просечна цена на летовите од просечната цена за патување со воз. Нешто што дефинитивно ќе треба го да имате во предвид следниот пат кога ќе патувате во Европа, советува „Travel + Leasure“.

Најскапиот транспорт е во Швајцарија при просечна цена од 37.17 евра на 100 км. Летовите се со просечна цена од 29.73 евра на 100 километри, а возовите – 47.44 евра на 100 км. Просечната цена на патување со авион во Франција е 14.74 евра/100 км, а просечните трошоци за движење со железнички транспорт е 17.59 евра/100 км.

Шпанија, која е рангирана на 13-тото место меѓу земјите со највисоки вкупни трошоци за транспорт, има просечна цена од 12 евра на 100 километри за летови, додека транспортот со возовите во просек чини 13.74 евра на 100 км. На крај, цените на летовите во Португалија во просек се 8,01 евра/100 км, во споредба со цените на возовите кои се просечно 8.13 евра/100 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП