3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната британска банка ќе купува обврзници на 100 компании, вклучително и на...

Централната британска банка ќе купува обврзници на 100 компании, вклучително и на Apple

banka-anglija

Британската централна банка Bank of England (BoE) го вброи американскиот гигант „Apple“ на листата со вкупно 100 компании, чиишто обврзници ќе ги купуваат во рамките на новата програма за купување имоти, покрената со цел да се поткрепи стопанството, пишуваат во вторникот британските медиуми.

Вбројувањето на американскиот технички гигант на споменатата листа значи дека во британската централна банка сметаат дека значително придонесува за британската економија, толкува BBC.

Оваа одлука може да ги налути критичарите на овој џин од Силиконската долна, коишто му забележуваат дека избегнува да плати данок на приходите остварени во Велика Британија, пренасочувајќи ги преку Ирска. Американски „Apple“ нема седиште во Обединетото Кралство, а дел од приходите кои таму ги остварува официјално се евидентираат во Ирска.

Европската комисија се настрви на ирските даночни аранжмани со „Apple“, потсетува BBC. Во Брисел тврдат дека таквите договори со владата во Даблин на американската компанија на странските приходи речиси и да не плаќа данок, оценувајќи дека таквите аранжмани претставуваат незаконска државна помош.

BoE воведе нова програма за купување на корпоративниот долг по британската референдумска одлука за излегување од Европската унија. Тоа ќе биде нивниот прв настап на пазарот на корпоративни обврзници, напомнува BBC.

Од британската централна банка порачаа дека со купувањето на корпоративните обврзници, сакаат да се спуштат трошоците на задолжување и да ги поттикнат компаниите на поголеми вложувања.

Клучниот услов за вклучување на компаниите на листата е нејзиниот придонесе во британската економија. Другите ги вклучуваат условите како седиште во Велика Британија и обемот на продажбата.

Од централната банка одбиле да го коментираат вбројувањето на поедини компании на листата, но неименуван извор од BoE за BBC рекол дека програмата за купување на обврзниците е осмислена за да се влијае врз движењето на цените на пазарот и дека вбројувањето на обврзниците на „Apple“ ги зголемува нејзините шанси да се остварат посакуваните резултати.

На листата се наоѓаат многу големи и значајни компании, како „Deutsche Telekom“, „Daimler“ и „General Electric“, но и компании чиешто вбројување би можело да се покаже контроверзно, вклучително и на британскиот гигант во тутунската индустрија и гигант „British American Tobacco“ (BAT) и американскиот синџир ресторани за брза исхрана „McDonald’s“ чиишто даночни активности, исто така, се под истрага на Брисел, констатира BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП