4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија стана најголем светски производител на нафта

Саудиска Арабија стана најголем светски производител на нафта

Petroleum-and-Gas-Companies-in-Saudi-Arabia1

Саудиска Арабија стана најголемиот производител на нафта во светот, надминувајќи ги САД, се наведува во извештајот на Меѓународната организација за енергија (IAE).

Поточно, од мај обемот на производството на нафта во Саудиска Арабија, се зголемил за 400.000 барели дневно, до 10,6 милиони барели дневно во август.

Истовремено, во САД во истиот период е забележан пад на производството на нафта на 460.000 барели дневно. Според американското министерство за енергија, производството на нафта во земјата во август изнесувала 8,5 милиони барели на дневно ниво.

И покрај падот на цените на нафтата, што доведе до намалувањето на инвестициите на нафтените компании, обемот на глобалното производство на нафтата продолжува да расте, се истакнува во споменатиот извештајот на IAE. Истовремено, растот на производството не се одвива со истото високо темпо како и во минатата 2015 година, прецизира агенцијата.

„Најголемите штети од падот на цените на нафтата ги имаа земјите надвор од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), коишто ги понесуваат големите трошоци за производството. Намалувањето на производството кај овие земји од крајот на 2014 година изнесувало 1,4 милиони барели дневно. Притоа, околу половината од тоа намалување се случило во САД, кои претставуваат локомотива на растот на производството кај земјите надвор од OPEC“, се истакнува во извештајот на IEA.

Од јуни 2014 година, центата на сирова нафта од марката Brent до моментов паднала за 59 отсто, до 47,4 долари за барел, а од марката WTI за 58 отсто, на 45 долари.

Според процените на IEA, враќањето на рамнотежата меѓу понудата и побарувачката на нафтените пазари ќе се случи подоцна од очекуваното на пазарите.

„Динамиката на односот меѓу понудата и побарувачката благо ќе се измени во блиските месеци. Понудата ќе продолжи да надвладува над побарувачката, најмалку во текот на целата прва половина од следната година“, се оценува во извештајот на IAE.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП