4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на цените на акциите на европските берзи

Остар пад на цените на акциите на европските берзи

berza 922

На европските берзи во понеделник цените на акциите остро паднаа бидејќи инвеститорите се плашат дека централните банки би можеле полека да се откажат од рекордно ниските камати и исклучително лабавата монетарна политика.

Лондонски FTSE индексот околу пладне е во загуба 1,7 отсто, на 6.659 бодови, додека франфуртски DAX се лизна 2,2 отсто, на 10.342 поени, а париски CAC 2,3 отсто, на 4.392 бодови.

Лошото расположение на берзите е последица на падот на берзанските индекси на Волстрит во петок повеќе од два отсто, по новите пораки од американската централна банка, Федерални резерви(Фед) дека наскоро е можно зголемување на каматите.

Врз пазарите лошо влијае и падот на цената на нафтата. Откако во петокот потонаа повеќе од четири отсто, во понеделник на лондонската берза цената на барелот се лизна еден отсто, на 47,54 УСД. На американскиот пазар барелот поевтини 1,3 отсто, на 45,27 УСД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП