25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati Quttroporte ограничена едиција во 100 примероци

Maserati Quttroporte ограничена едиција во 100 примероци

qattroporte

„Maserati“ ги најави плановите за здружување со „Ermenefilfo Zegna“, компанија која се занимава со креирање на машки одела, а оваа соработа е со цел тие да помогнат во креирањето на ограничената едиција на моделот „Quttroporte“. Дизајнирана за да ја прослави стогодишнината од постоење, оваа ограничена едиција на моделот „Quattroporte“ ќе биде прилагодена со нови бои и материјали.

qattroporte1

Од компанијата истакнаа дека овој модел  ќе го карактеризираат материјали и ткаенини кои се произведени во фабриката за преработка на волна „Lanificio Tega“ која се наоѓа во местото Триверо. Производството на овој автомобил ќе биде ограничен, па така само 100 купувачи ќе можат да се подноват со овој модел.

qattroporte2

Во текот на 2015-та година моделите на „Maserati“ ќе бидат понудени со комплет на нови опциони украси и делови од опремата на компанијата „Zegna“. Една година подоцна ова партнерство ќе биде проширено и купувачите ќе можат да порачуваат уште поприлагодни решенија за своите нови автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП