3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ радикално ги крати трошоците - кој ќе добие помалку?

ЕУ радикално ги крати трошоците – кој ќе добие помалку?

137446066057bd5bd904221495749432_w640

Државите на Европската унија се согласија од наредната година да ги намалат фондовите за сиромашните региони, кои главно се на исток од континентот.

Истовремено, се согласија да ги зголемат средствата за регулирање на мигрантскиот проток и за поттикнување на растот.

Предлогот на Европската комисија за зголемување на фондовите наменети за решавање на мигрантската криза во буџетот за 2017 година доби поддршка од европските влади, јавува Ројтерс.

Тоа ќе значи дека во однос на претходната година, за 25 проценти се зголемуваат средствата за миграција и заедно со трошоците за зајакнување на надворешните граници на ЕУ, преселувањето на азиланти и интеграција на мигрантите, ќе изнесуваат 5,2 милијарди евра, а уште 2,2 милијарди евра се наменети за активностите надвор од Унијата и се насочени на причините за мигрантскиот проток.

Европските влади, исто така, го подржаа зголемувањето на финансии за девет проценти за проектите наменети за растот и создавањето на работни места, кои ќе достигнат 19 милијарди евра.

За да се компензира тоа, ЕУ се согласи да скрати некои други трошоци, пред се наменети за помалите развиени региони на ЕУ, кои ќе останат „пократки“ за 24 проценти.

Всушност, договорено е буџетот на ЕУ во 2017 година да биде помал за 133,8 милијарди евра, што е за седум проценти помалку во однос на претходниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП