27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје се подготвува за неделата посветена на одржливата мобилност

Градот Скопје се подготвува за неделата посветена на одржливата мобилност

ciko-tocak

Од петок, во следните седум дена Градот Скопје се приклучува кон големото семејство градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста 2016 и со низа активности ќе ги одбележи деновите на алтернативната и одржлива мобилност.

Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма која е посветена и ќе биде интересна за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.

Во овие седум дена Градот Скопје ќе претстави многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и ќе испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Традиционално, Европската недела на мобилноста 2016 ќе заврши на 22 септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со невладината организација ОРТ, како и со Делегацијата на Европската унија во нашата земја, Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП.

Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“. Манифестацијата има за цел да ги поттикне локалните политичари и јавноста паметната и одржлива мобилност да ја препознаат како инвестиција за Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП