24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар подготвен да ја напушти македонската репрезентација

Червар подготвен да ја напушти македонската репрезентација

cevlar

Актуелниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, се посочува како главен кандидат за пополнување на испразнетото место во хрватската селекција, а во изјава која ја пренесува интернет страницата на „Вечерњи лист“, рекол дека евентуално раскинување на договорот со македонската Федерација не би бил никаков проблем.

Лино Червар (65) во 2010 година, во финалето на ЕП во Австрија, последен пат ја водеше репрезентацијата на Хрватска, а по освоеното сребро тој ја напушти селекторската функција.

Пред речиси седум години хрватските ракометари последен пат играле финале на едно големо натпреварување. Подоцна ниту Славко Голужа, ниту Жељко Бабиќ не успеаја да стигнат до финале на големо натпреварување.

Бабиќ по олимпијадата во Рио де Жанеиро поднесе оставка, поради што Хрватите бараат селектор чија главна цел ќе биде да го освои златниот медал на Европското првенство кое ќе се одржи во 2018 година во Хрватска.

Червар зад себе како хрватски селектор има освоено седум медали, од кои две се златни, од светско првенство и олимписки игри.

Даниел Константини, екс селекторот на Франција се повлече кога во 2001 година стана светски првак. Тогаш Франција беше домаќин. Моја желба е да се простам со европска титула и тоа пред нашите навивачи. Еднаш не успеав да освојам златен медал кога Хрватска беше домаќин на Светското првенство во 2009 година. Европска титула со Хрватска немам освоено, тоа мие неостварена желба. Би сакал да ја остварам на ЕП во 2018 година“, рекол Червар.

Маго ди Умаго како што често хрватските медиуми го нарекуваат Червар, смета дека иако има валиден договор со македонската федерација, дека нема да биде проблем истиот да биде раскинат, доколку добие понуда да ја води Хрватска.

„Секако дека нема да биде проблем да го раскинам договорот со РФМ. Сите ние сме луѓе од крв и месо и секој бира по кој пат ќе оди. Мојот пат секако би бил хрватската репрезентација“, заклучил Червар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП