2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Велика Британија остана непроменета

Инфлацијата во Велика Британија остана непроменета

kosnica35959

Инфлацијата во Велика Британија се задржува на ниво од 0,6% во август и покрај слабата фунта. Вредноста е под очекувањата за 0,7% раст на потрошувачките цени на годишна основа, наведува британскиот весник „Guardian“.

„Нивото е се уште релативно ниско во однос на историските стандарди, иако вредноста е над нивото во 2015-та година и во почетокот на 2016-та година“, пишува во соопштението на Националната статистичка служба.

Главниот придонес за растот на потрошувачките цени е на прехранбените производи и авионските билети. Покрај тоа, падот во цените на горивата за транспорт е помал отколку минатата година.

„Овој притисок во нагорна насока сепак се компензира од падот на цените на хотелски услуги. Слаби се унапредувањата во цените на алкохолот, облеката и обувки“, посочуваат експертите.

По објавувањето на податоците фунтата поевтини околу пладне се разменува за 1,3321 долари.


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП