4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ги тужи САД, расте загриженоста

Индија ги тужи САД, расте загриженоста

1044548644

Индија покрена тужба против САД пред Светската трговска организација поради наводното субвенционирање на проектот од областа на обновливите извори на енергија.

Индија изрази загриженост за незаконската пракса во осум американски сојузни држави, изјави еден неименуван извор близок на СТО, а пренесува агенцијата Франс прес.

Индиските власти веруваат дека американските сојузни држави Калифорнија, Конектикат, Делавер, Масачусетс, Мичиген, Минесота, Монтана и Вашингтон, му доделиле незаконски субвенции на домашниот сектор за обновливи извори на енергија и дека наметнале обврска за купување на домашни производи наместо увезени.

Индија и САД сега имаат 60 дена со цел да се обидат да постигнат договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП