
Европската комисија објави дека основала нова работна група чија задача ќе биде борбата против перењето пари преку криптовалутите.


Европската комисија објави дека основала нова работна група чија задача ќе биде борбата против перењето пари преку криптовалутите.
Посебен акцент е ставен на биткоинот.
Со работната група ќе управуваат три различни огранизации, Еуропол, Интерпол и непрофитна и независна агенција од швајцарскиот Базел.
Работната група е основана поради потребите за спречување на перењето пари преку криптовалутите со кои се финансира тероризмот, но и за зголемена контрола над самиот пазар на криптовалути на подрачјето на Европската унија.
Целиот процес на основање на работна група всушност е последната фаза од програмата за борба против тероризмот која започна ведна по минатогодишниот терористички напад во Париз.